
Соопштение за јавност на СДСМ:
Додека државата тоне во скандали, додека заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ, а граѓаните имаат се помалку пари, ВМРО-ДПМНЕ измислува приказни за СДСМ. Само за да го одвлече вниманието од сопствените проблеми.
Очигледно е дека кога во Владата владеат криминал и неспособност единственото што им останува е да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ.
Ова се очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го сокријат фактот дека за една година власт, не реализираа ништо што им го ветија на граѓаните. Државата пука по сите шавови, инфлацијата расте, економијата тоне, инвеститорите си заминуваат.
Последниот скандал со суспензија на средствата од ИПАРД програмата е уште еден доказ за вистинската слика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, држава заробена од партиски и лични интереси, корупција и неспособни кадри.
Им порачуваме да си ја гледаат својата Влада која се распаѓа пред очи на јавноста. Уплашени се од секојдневните скандали кои допрва ќе излегуваат во јавноста. Ваквите спинови во паника се јасен индикатор колку не им оди работата.
СДСМ е единствена политичка сила која секој ден ја разобличува криминалната власт.
Во СДСМ се спроведува сериозен процес на консултации и обновување, насочен кон создавање силен и одговорен тим кој ќе ја води партијата во новата фаза.


