Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штанца лаги за да го сокрие крахот на Владата со пожарите

Pozari.jpg

Соопштение на СДСМ:

Додека државата буквално гори, додека македонските шуми, пасишта, полиња се претвораат во пепел, ВМРО-ДПМНЕ штанца лаги од белата палата.


Прво беа скакулците криви, кравите, СДСМ, Заев, утре ќе измислат некој друг.

Очајни, бедни обиди за дефокус и тоа со истиот лик Миле Лефков.

Вистината е лесно проверлива: лицето што го споменуваат никогаш не бил личен шофер на Зоран Заев ниту пак телохранител. 

Не можат да организираат итна интервенција на терен и да ги изгасат пожарите, па организираат  лаги. 

Единствени виновни за пожарите се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се неспособни.

Изгоре над 20% од територијата на државата. Нема нови возила, нема опрема, нема пожарникари, нема авиони. Има само лаги, прес-конференции и луксузни патувања.

Додека пожарите јадат шуми и домови, тие трошат народни пари на морски плодови, егзотично овошје и приватни авиони. Додека граѓаните гасат пожари со кофи и лопати, владата на ВМРО-ДПМНЕ троши милиони на телефони, ама нема денар за спасување животи и имот.

Граѓаните гледаат сè. Знаат дека државата е оставена сама токму кога ѝ е најтешко. 

Уште колку  земја треба да изгори за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ конечно да преземат одговорност?

Можете да прочитате

Шест лица со симптоми на труење по семинар во ресторан во Куманово, двајца се хоспитализирани

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ

Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК