Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ се плашат од Ковачевски и Зечевиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во СДС бара избори, Ковачевски и Зечевиќ знаат дека тоа би било крај на нивните криминални кариери затоа се против

Очајни се лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Преполните сали од кои ечеше поддршка за европска иднина и за политиките на СДСМ, е тоа што го плаши ВМРО ДПМНЕ. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, не кријат дека се заложници на Апасиев и противници на европскиот пат на државата, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ СДСМ со Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ ги порази ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на локалните избори во Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а Мицкоски го немаше со денови во јавноста, не најде ниту доблест да признае пораз.

И додека СДСМ нижи успеси, ги покачува платите и пензиите, го отвори патот кон полноправно членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ покажува целосна неспособност и расипништво преку своите градоначалници.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ затоа брзаат, зошто граѓаните ги чувствуваат лошите политики на локално ниво, како што го чувствуваат загадениот воздух во Скопје.

Пуста желба е мнозинство кое го поддржува ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да лажат, нека засукаат ракави, ако сакаат да се достојни противници на редовните избори во 2024 година“ додаваат од СДСМ.

Оттсму велат дека граѓаните сакаат решенија, не сакаат деструкции, а СДСМ како одговорна партија продолжува со обврската за реализација на сите мерки и политики кои се за заштита на стандардот на граѓаните и за напредок на државата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт