Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува новo движење по моделот на Вучиќ

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО подготвува ново движење кое треба да прерасне во нивна сателит партија во Македонија. Уште едно copy-paste сценарио по моделот на Вучиќ за контролирана и раситнета опозиција.

Станува збор за Српска демократска лига, која ќе биде копија на Српската лига – партија со проруски наратив и силна поддршка на „Русија”. Тука од ЗНАМ се издвојува Саша Богдановиќ како можен претседател поради неговите врски со СНС. Тој треба да ја замени улогата на Стоилковиќ, познат по средбите со „Ноќните волци” на Путин. 

Се разговара и со други квислинзи од редовите на СДСМ, уценети или купени, со финансиска помош од ВМРО. За нови движења со кои треба да се збунат гласачите и да се намали поддршката на СДСМ.

Тоа е политика на така наречени „карирани стројници” и „кафански конгреси”.

Целта е едноставна: раздробување на гласовите и слабеење на вистинската опозиција – СДСМ. Единствената опозиција што не е контролирана, за разлика од сите оние што одат на состаноци (давајќи легитимитет на тендерската коалиција да продолжи со ограбување на државата преку тендери) и што во Собранието гласаат за законите на ВМРО, кои утре ќе бидат злоупотребени за цели на следење на опозицијата.

Сега веќе на сите им е кристално јасно зошто се постојаните напади на СДСМ, обидите за рушење на партијата и црните кампањи.

Можете да прочитате

(Видео) Започна 31. Конгрес на СДСМ

ВРЕДИ: Фазлиу ги модернизира Матичните Книги, основните документи сега се преземаат онлајн

Намалена видливост на неколку патни правци