Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија

Bogdanka k sdsm.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,


СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект” без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист хартија, но веќе се знае колку ќе чини.

Ако нема проект, ако нема студија, ако нема анализа на трасата – како се дојде до бројката од 2 милијарди евра?

Кој и врз основа на што ја пресметал?

Одговорот се наметнува сам: Се пресметува провизијата, не трошокот.

Ова е подготовка за најголемиот тендерски криминал во поновата историја. ВМРО-ДПМНЕ го повторува моделот: се ветува мегапроект без основа, се зголемува цената однапред, се отвора пат за перење пари и за богатење на партискиот врв.

И во целата таа матрица на измама – Мицкоски вели пругата ќе почне до крајот на годината, а министерката Кочоска изјавува дека нема да почне ни до 2027 година.

Дали ова е координирано лажење на јавноста или само доказ дека во Владата владее хаос и нема контрола над сопствените лаги?

Го прашуваме Мицкоски:

Како се знае дека пругата ќе чини 2 милијарди евра ако нема проект?

Дали цената е договорена однапред со кредиторот?

Кој ќе го добие тендерот? И по кои критериуми?

Дали јавноста ќе види физибилити студија?

Или пак ова е уште една зделка во која ќе исчезнат милиони како во минатото?

Комични се обидите да се прикаже некаков инвестициски бум. Во реалноста, оваа Влада едвај ги довршува проектите почнати од СДСМ, а новите проекти се само обични наслови и надуени цифри – зад кои стои многу сериозен сомнеж за злоупотреба.

СДСМ нема да молчи.

Ќе ги следиме сите чекори на овој процес. Ќе бараме целосна транспарентност, увид во сите документи, и ќе ја информираме јавноста за секој сомнеж, секој тендер, секој договор што се прави зад грбот на граѓаните.

И ако Мицкоски мисли дека ќе помине незабележано, се лаже. Одговорснот ќе има, секој ќе одговара.

Можете да прочитате

Пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

Васев и Нухи во ефективен притвор – Апелација ја укина одлуката за куќен притвор

Божиновска: ХЕ „Козјак“ е пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија