Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ народот го нарекува куче

Sdsm.jpeg

Народот бара правда, а што прави ВМРО-ДПМНЕ?, прашува СДСМ.

„Го нарекува народот куче!

СДСМ веќе десет дена очекува реакции од ДКСК и Обвинителството. На прашањата што ги постави, од ВМРО-ДПМНЕ пристигна следниот одговор: „куче што лае, ама не каса“

Многу е важно оваа порака да се прочита „меѓу редови“.

ВМРО-ДПМНЕ сака да порача дека на тоа „куче“ му ги извадиле забите. Дека сите полуги на моќ се во нивни раце. Тоа е пораката: Наше е судството, наше е обвинителството, наша е полицијата.

Сè е наше, ништо не можете. Никој од нас нема да одговара а ќе правиме што сакаме!

Но, бидејќи народот е тој што пресудува, ќе видиме уште колку долго ќе биде „ваше“!

Работата не е завршена.

Запаметете: СИТЕ ЌЕ ОДГОВАРАТЕ!“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Филипче до граѓаните: Следи мобилизација, помогнете да ја зачуваме нашата татковина, безбедноста и иднината на Македонија!

Покрената е петиција против прифаќање на мигранти од Велика Британија

Криумчарење мигранти: Скопјанец криел пет Египќани во автомобил