Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, хајката против коридорите и Бехтел им издиша

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, хајката против коридорите и Бехтел им издиша
Dik 300x250 mk

Издиша хајката на ВМРО-ДПМНЕ против најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10-д и против реномираната компанија Бехтел, велат од партијата на власт.

dobivaj vesti na viber

Не е точно, додаваат од СДСМ, дека договорот предвидува пенали, бидејќи нема нови ВМРО-ДПМНЕ штанца стари лаги.

„Со посебен закон и со поскап договор конзорциумот „Бехтел и Енка“ гради и во Србија, каде што веќе е пуштен во употреба дел од автопатот.

Партијата предводена од Христијан Мицкоски е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е симбол за провизии и промашени проекти, како што е автопатот Кичево-Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ со хајката само потврдува дека е против стратешкиот проект за изградба на коридорите, а во заложништво на Левица и против американската компанија“, се истакнува во нивното соопштение.

Можете да прочитате

Вечерва голема полициска акција, се апси во Рашче

Жалбите отфрлени, шест осомничени за случајот со прилепската болница, остануваат во притвор

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати