
Соопштение на СДСМ:
Соочени со целосна безидејност, секојдневни скандали кои ја тресат Владата и вистината за Кочани која покажа дека за најголемата трагедија одговорна е власта, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно фабрикува лаги за претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Целосно е неточно тврдењето дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, поседувал такво возило од марка „Ауди”. Тоа е чиста лага. Возило никогаш не било ниту во негова сопственост, ниту сега, ниту во минатото.
Целиот имот на Венко Филипче е уредно и транспарентно пријавен во анкетните листови. Тоа е реалноста.
Не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ со евтини и провидни измислици да се обидува да наметне лажни сомнежи за наводна корупција, без трошка доказ, без факт – само со политичка злоба. Затоа што вистинските скандали се во дворот на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ нема ниту идеи, ниту резултати, власта ја тресат скандали секојдневно па единственото што им преостанува е црна кампања против Филипче.
Овие очајнички обиди да го оцрнат Венко Филипче покажува колку ги плаши.
ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со лагите и да одговори на вистинските прашања – кога Тошковски, Јанев и Мицкоски ќе поднесат оставки за трагедијата во Кочани?