Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и најдобрата менаџерка ја претворија Зоолошка во хорор филм

Zooloshkata Gradina.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Страшно и жално е тоа што се случува во скопската Зоолошка градина. Местото кое до пред три години беше на сите насловни страници во светсите медиуми, кое беше пример за добар менаџмент и грижа за животните, ВМРО-ДПМНЕ и нивната најдобра менаџерка Данела го претворија во хорор филм. 

Последните информации дека угинала слоницата Даела за која нема никаква јавна информација од кои причини е кулминација на негрижата и уништувањето на ова прекрасно место. Видеото кое кружи по социјланите мрежи од транспортот на животното до Дрисла е врв на иживувањето. 

Во последните месеци и години угинаа многу животни, две жирафи, тигар, коњи и други животни. 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, кои Данела Арсовска на граѓаните им ја продадоа како најдобрата менаџерка, а потоа се скараа заради бизнис интереси, треба да одговараат за оваа нечовечност. 

Скопје е град кој тоне во хаос, во ѓубре, каде владее негрижа и нечовечност и единствени виновни за оваа состојба се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи