Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО – ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го рехабилитираат Ванчо Михајлов

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните

Скандалозни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го рехабилитира соработникот на фашизмот и крвникот на македонскиот народ, Ванчо Михајлов. Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски го потврди континуитетот со Ванчо Михајлов. Претходно и Христијан Мицкоски јавно рече дека нема да се огради од Ванчо Михајлов затоа што е дел од контитнуитетот на оваа партија, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека лицемерно ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа владеачката коалиција за бугаризација и асимилација, а зад грбот на граѓаните бугаризација прават ВМРО-ДПМНЕ и нивната сестринска партија ВМРО-БНД, со заеднички именител во нивниот претседател Ванчо Михајлов.

Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје.

Како што велат во СДСМ, сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го рехабилитираат Ванчо Михајлов, кој самиот се сметал за Бугарин, а Македонија ја сметал за држава на Бугарите.

ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на фашизмот.

Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, против европскиот пат на државата, против интересите на граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим