Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги задолжува општините, Радовиш е нова на листата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги задолжува општините, Радовиш е нова на листата

„Неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со неодговорно и расипничко раководење на општините. Локалните управи на ВМРО-ДПМНЕ предводени од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски спроведуваат скапи и нетранспарентни задолжувања на општините, на штета на граѓаните“ соопштуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека „Аеродром, Бутел, Гази Баба и Прилеп, се општините кои преку обврзници ги задолжуваат граѓаните. Не се знае за што се наменети овие задолжувања, не се знае колку време ќе се отплаќаат, ниту колкава ќе биде каматната стапка. Но, јасно е дека граѓаните наместо решавање на проблемите и нови проекти, добиваат долгови, кои ќе ги плаќаат со години“.

„И општина Радовиш ќе се задолжува со 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра преку кредит од комерцијални банки Ова е добро познатата практика на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2017 година, по 12 години владеење ги оставија општините во долгови, со блокирани сметки. Сега повторно ги задолжуваат и нанесуваат голема штета на општините и на граѓаните“ се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт