Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната локална власт во Скопје во историјата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната локална власт во Скопје во историјата

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје за само 12 месеци се покажа како најнеспособна во историјата на главниот град. ВМРО-ДПМНЕ во Скопје има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од директори и членови на Управните одбори на јавните претпријатија, раководени од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека „наместо да се грижат за граѓаните, тие се скараа за бизнис интереси, тендери и провизии, чии раце да бидат во медот, а во градот владее хаос. За една година не само што нема никакви нови проекти, туку Град Скопје не може да ги обезбеди ниту основните функции. Наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз“.

„Девет дена беа блокирани улиците, граѓаните не можеа непречено да се движат, ниту да стигнат навреме до своите одредишта. Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, а тешка е состојбата и во други градски претпријатија. Пред новогодишните празници, градот е сив и валкан, нема ни трага од „Модерно Скопје“. По катастрофалното обезличување со Скопје 2014, главниот град се наоѓа во нова катастрофа. ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години Македонија што беше заглавена“ се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија