Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за Археолошкиот музеј и културата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за Археолошкиот музеј и културата

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше културен инжинеринг и потроши стотици милиони евра на лажен барок од гипс картон, затоа денес оваа партија е најмалку повикана да зборува за Археолошкиот музеј и за културата. Археолошкиот музеј е најскапата зграда во проектот Скопје 2014 и таа како и повеќето згради од овој проект нема технички прием“ обвинуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму посочуваат дека „Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија токму во последните 5 години започна да работи како професионален музеј, како што доликува на рангот на водечки археолошки музеј. Оваа институција во 2012 година не беше формирана согласно Законот за музеите и беше основана без музејски збирки“.

„Беше направена огромна штета и на Музејот на Република Северна Македонија кој и ден денес не може правно и физички, но и инстутиционално и програмски да се опорави од небрежноста и непрофесионалноста во поделбата на музеите. Во последните 5 години музејот обезбеди нови предмети со кои започна да формира збирки, што е негова основна функција. Факт е и дека од музејската поставка се отстранети современи уметнички слики и восочни фигури, кои беа непотребен трошок за еден археолошки музеј, а кои беа одраз на Скопје 2014“ велат од СДСМ.

Од партијата соопштуваат дека „ВМРО ДПМНЕ има најмалку право да зборува за нефункционалноста, валканоста и хаотичноста на музејската зграда: светски преседан е три исклучително важни државни институции да бидат сместени во иста зграда, каков што е случајот овде“.

Можете да прочитате

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години