Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е дефиниција деструктивна партија која дејствува на штета на граѓаните и државата

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Во ек на најголема светска економска и енергетска криза пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со недели го одолговлекуваат законското решение со кое на речиси 200.000 граѓани треба финансиски да им се помогне во следните четири месеци. Покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието повеќе од една година блокира над 100 закони важни за граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека заради неодговорниот однос и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, државата е оштетена со 100 милиони евра, средства од ЕБОР за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, наместо за граѓаните, оваа партија работи за личните и бизнис интереси на мала група луѓе од партиското раководство. Тоа е срамно и неодговорно постапување на Мицкоски и неговата партија, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна