Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
СДСМ бара итно разрешување на Каролина Симовска – директорка на Клиниката за респираторни заболувања кај децата – „Козле”.
Целото функционирање на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа на Клиниката во „Козле”, е доведено во прашање после 40 години поради Симовска а штетата и за децата и за вработените.
Последен е случајот со докторката Јосифова. Со 27 годиишно искуство оваа врвна докторка дрско е избркана од работа и оставена на улица, само затоа што се борела за детски живот.
Посветена, искусна лекарка, која што загрижена за здравје на дете присуствувала при успешна лекарска интервенција Симовска ја брка.
Ова е мобинг од невидени размери и класична неправда озоможена од ДПМНЕ.
Па добро кој ќе ги лечи децата? Имате ли грам осет вие дека деца ќе нема кој да лечи? Или партијата ви е пред детските животи?
СДСМ за овие драматично лоши состојби како и за однесувањето на Симовска веќе алармираше но очигледно власта ја штити.
Врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, веќе си дадоа оставки поради скандалозното однесување на Симовска.
На клиниката има и проблеми со неопходни „баскет” апарати и други материјали. Своеволието на Симовска уништува многу животи а загрозува детски животи.
Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност. Симовска мора веднаш да биде разрешена.