Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека сезоната на пожарите

Sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако минатата година изгоре речиси 10% од територијата на државата во шумските пожари, ова лето Владата повторно ќе биде неспремна. Цела година ВМРО-ДПМНЕ не најде време да се подготви, да ги сервисира воздухопловите, па новиот директор на ДЗС, Стојанче Ангелов, ја информираше јавноста дека ништо не е подготвено за заштита и навремена реакција при пожар, обвинија од СДСМ.

„Минатото лето Мицкоски ја обвинуваше СДСМ дека наводно начекале катастрофална состојба, иако нему за едно лето му изгореа повеќе шуми отколку во последните две децении. Го прашуваме: дали и оваа година повторно ќе биде СДСМ виновен за пожарите и за неподготвеноста на институциите?“, се вели во соопштението.


Од СДСМ велат дека Владата демонстрира голема неспособност да се справи со проблемите на секое поле.

„Откако се искараа во Владата за функции и се распадна коалицијата, на прагот на летото Мицкоски допрва прави реорганизација на клучните институции кои треба да обезбедат заштита, а нема обезбедено ништо од опрема и капацитети за да се бори со евентуалните нови пожари. Освен тендери за фантомски фирми и бизнис, очигледно ништо друго не го интересира ВМРО ДПМНЕ“, велат од СДСМ

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе