Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Sdsm.jpeg

Три недели Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами и не презеде никакви мерки за високите цени на горивата.

Спиралата на раст на цените на прехранбените производи веќе се активираше. Започнати се поскапувањата во маркетите. Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата се над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм.


Владата на Мицкоски задоцни. Сите влади во регионот веќе од прв ден преземаа мерки,

Црна Гора веднаш ги намали акцизите за 50%, во Албанија акцизата е преполовена, во Босна и Херцеговина и Хрватска има замрзнати цени на горивата. Само владата на Мицкоски не направи ништо.

Очигледно намерно, за да профитираат бизнисите на ВМРО.

Се најавува и ново покачување на цените на горивата.  Потоа и да се стабилизираат цените на светските берзи цените во маркетите нема да се намалат.

Најавеното намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти не е доволно и граѓаните нема да ги почувствуваат ефектите.

Владата мора итно да ги прифати мерките на СДСМ.

Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари по литар, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините.

Овие мерки ќе значат долгорочно и сеопфатно решение, вистински и реално ќе се намалат цените и на горивата и на храната и ќе се заштити стандардот на граѓаните во оваа криза.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија

Променливо облачно време со сончеви периоди