Утрински Весник
Економија

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

Sdsm1.jpeg

Соопштениеза јавност на СДСМ:

Не може да има пари за криминални тендери а да нема за работниците.

Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра.

Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат.  Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници”.

За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.

Имајќи ја предвид сè потешката економска положба на работниците и барањата на Сојузот на синдикатите, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.

Еве законско решение на маса, сега ќе се види кои партии ќе бидат на страната на работниците а кои ќе останат на страна на тендерите.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов, Деаноски и Пешевски ги оштетија работниците за 600 евра минимална плата во 2028 поради политичките игри со СДС и Левица 

„Макам-транс“ на состанок по предлогот на ЕК за поголема флексибилност за престој на превозници во ЕУ

Николоски: Одлични вести од Брисел, возачите се прифатени како професионалци