Утрински Весник
Економија

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

Sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Одбивањето на ВМРО да го прифати предлогот на СДСМ за ребаланс на буџетот за обезбедување пари за минимална плата од 600 евра е уште една потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците.

Нема веќе изговори, сè е јасно како ден.

Владата ги избра луксузите на владините функционери и криминалните тендери наместо работниците кои едвај врзуваат крај со крај.

Со ова се потврдува дека цело време СДСМ е конструктивна опозиција но владата на ВМРО ништо не прифаќа.

Не прифати предлог за покачување на минималната плата, не прифати Анкетна за трагедијата во Кочани, не прифати Резолуција против мигранти за пари, не прифати законски решенија за намалување на цената на храната, не прифати закон за поддршка на приватните компании и покачување на платите.

На ВМРО им смета тоа што СДСМ не е контролирана опозиција како некои други партии.

СДСМ останува на страната на работниците, на страната на граѓаните.

Можете да прочитате

Повторно раст на цените на нафтата

WIZZ AIR најавува отворен ден за пилоти за својата база во Скопје

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод