Утрински Весник
Македонија

СДСМ утре објавува нов скандал за тендерски мрежи во општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

СДСМ утре на прес конференција ќе обелодени нов скандал поврзан со јавните набавки во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ, дознава 24инфо.

Под насловот ,,Тендерски мрежи” СДСМ веќе започна серијал на комуникации преку кој се објавија тендерски постапки во различни општини но со иста компанија.


,,Фирмата ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО Увоз-Извоз Скопје во четири години добила 50 тина тендери вредни 10 милиони евра, речиси сите од општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Само во последните 3 месеци истата фирма добила три тендери со пет договори во различни скопски општини, сите предводени од градоначалници на ДПМНЕ. Последните тендери кои ги добила се финансирани од унгарскиот кредит, кој граѓаните ќе го враќаат со високи камати, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на шести март оваа година.

Сличен скандал СДСМ објави и на 13ти март а во прашање беше фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ Скопје која во последните три години имала добиено тендери во вредност од четири милиони евра во општини раководени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Коцевски: Во моментов се апсат уште седум полициски службеници околу истрагата за Кочани

За викендот рекордни над 11.000 патници на ГП „Блато“

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА ДО ПЕТОК: Нестабилно со локални врнежи и грмежи!