Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Уставните измени не задираат во идентитетот, тоа е техничка измена за додавање на други народи

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

„Во 32 години независност, Мицкоски е единствениот политичар кој упорно тврди дека европската агенда не е иста со македонската агенда што значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата.

dobivaj vesti na viber

Европската агенда е и македонска агенда, а единствен што сака да ги одвои е токму Мицкоски.

Христијан Мицкоски добро знае дека за продолжување на европскиот пат на државата потребно е усвојување на уставните измени.

Предложените уставни измени не задираат во ниту едно идентитетско прашање, туку се работи за техничка измена на Уставот со која покрај постојните делови од народи кои се вклучени во Преамбулата се додаваат и делови од други народи и истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ.

Со измените се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, со отворањето на првите поглавја од преговарачкиот процес.

Овие уставни измени се последната шанса Мицкоски и ДПМНЕ да застанат на страната на интересите на граѓаните и државата и да докажат дека навистина сакаат да ја видат државата како полноправна членка на ЕУ, за што постојано декларативно се залагаат“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон