
Соопштение за јавност на СДСМ:
Граѓаните на Унгарија јасно и гласно рекоа: ДОСТА Е автократија!
По 16 години владеење на Виктор Орбан, неговиот недемократски режим падна.
На историските парламентарни избори, убедлива победа оствари Тиса, предводена од Петер Маѓар. Ова не е само победа на една партија. Ова е победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата.
Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во Европската Унија. Нема повеќе криење на Никола Груевски во Будимпешта, тајни бизнис-комбинации, ниту кинески пари кои доаѓаа преку тој режим.
Паѓаат автократските режими. Следен е Александар Вучиќ, а со него и Христијан Мицкоски.
Регионот припаѓа на Европа, а не на Русија.
Историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион: времето на автократите завршува!

