Утрински Весник
Македонија

СДСМ: УМС фатени во лага – законот за пиротехника е прекрешен а Тошковски молчи

Pres viktor goshev.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Откако ја предизвикаа згрозеноста кај младите со срамната журка со пиротехника додека Македонија тагува за изгубените млади животи во Кочани, од УМС се обидоа да се оправдаат со тврдење дека не било потребно да го пријават палењето факли.


Но, се фатија во лага. Сами се дозакопаа.

Законот е јасен. Согласно член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства, палењето ракети, огномети, факелијади или слични приредби мора да се пријави во Секторот за внатрешни работи најдоцна пет дена пред настанот, со наведени детали за време, место, цел и број на факли.

Прашањето е едноставно:

Зошто УМС не го пријавиле овој настан во СВР Велес? Кој ќе ја сноси одговорноста?

Дали министерот Тошковски ќе продолжи да ги штити, како што штити и други функционери поврзани со трагедијата во Кочани?

Ова не е само прекршување на закон. Ова е показател за систем на ароганција, безчувствителност и неказнивост.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ не е организација која ги претставува младите – тие се копија на сениорите во својата партија: без почит кон законите, без емпатија, со деструктивно влијание врз општеството.

СДСМ и СДММ ќе продолжат да се борат за одговорност, за вистина, за почитување на закони и за млади кои носат вистински вредности – почит, правда и човечност.

Можете да прочитате

Опасни карпи се дробат рачно и со механизација, делницата Дреново-Фариш наскоро во сообраќај

Димитар Апасиев доби ќеркичка – Се роди Сара

Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ е избран за шеф на Централниот изборен штаб за локалните избори