Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Укинување на ДДВ за храна ќе донесе намалување на цените веднаш и заштеда до 2.000 денари месечно за граѓаните

Supermarket .webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ предлага законско решение што ќе донесе поевтина храна за граѓаните и ја повикува власта и пртениците од мнозинството да го прифатат. 


Со укинувањето на ДДВ за храна над 250 категории  основни производи ќе поевтинат веднаш а тоа ќе донесе значително олеснување за граѓаните.

Учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува над 23.000 денари, што значи ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети.

Дополнително, укинувањето на ДДВ за храна нема да ги оптовари компаниите, ниту ќе дозволи трговците да ја изиграат. Значи СДСМ нуди законско решение со реален ефект за вистинско намалување на малопродажните цени на прехранбените производи, со што ќе се намали и вредноста на потрошувачката кошница.

Ајде да ги донесеме овие законски решенија заедно. Секое одолговлекување значи нов удар врз семејните буџети, врз граѓаните.

Можете да прочитате

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово

Битиќи: Имаме поголеми цени на исти производи од Германија, значи некој профитира на грбот на народот

СДСМ: Централната комисија утврди еден кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март