Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Учениците немаат учебници, власта излажа – Јаневска да понесе одговорност

Bo kuzeska sdsm.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Почитувани,


Помина цел месец од почетокот на учебната година, а учениците и понатаму немаат учебници.

Власта ветуваше дека секој ученк од 1 септември ќе има учебник, септември одминува а власта излажа, учебници нема.

Уште една голема лага на ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска. Лага која директно ги погодува децата, учениците и родителите.

Илјадници ученици се приморани да учат без учебници а тие што ги имаат се парталави, стари, оштетени.

Родителите не се должни да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат.

Наместо да преземе одговорност Весна Јаневска прво зборуваше дека проблемот ќе го решела со донации, а вчера смени лента, сега на сите што немаат учебници им вели имате PDF формат на интернет.

Обврска на Министерството за образование и на власта е секоја учебна година да почне со обезбедени учебници за сите ученици.

МОН треба да има план, логистика и контрола, и да гарантира дека секое дете во Македонија ќе учи со учебник.

СДСМ бара МОН веднаш да обезбеди учебници и да ги достави во најкраток можен рок.

Весна Јаневска мора да понесе одговорност затоа што излажа и затоа што учениците ги остави без учебници и без основното право на квалитетно образование.

Ова не е прашање на политика, ова е прашање на иднината на нашите деца и на целиот образовен систем.

Можете да прочитате

СДСМ: Со Мицкоски нема судски реформи, неговата цел е партизирано судство

(Видео) Хорор во поликлиниката „Јане Сандански“, канализација тече во лабораторијата

Мицкоски за условната пресуда за случајот Онкологија: Со вакви одлуки, судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми