Утрински Весник
Економија

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

Bo sdsm kuzeska.jpg

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа!


Три месеци по ред се намалува реалната нето-плата! Два месеци по ред се намалува номиналната нето-плата!

Во мај 2025 просечната плата била 45 796 денари, а во јули 45 276 денари!

Тоа значи 520 денари пониска плата, во услови на повисоки цени на основните трошоци.

Намалувањето на реална плата значи дека стандардот на граѓаните опаѓа а расте сиромаштијата.

Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство веќе надмина 65.000 денари месечно.

Граѓаните со својата плата купуваат сѐ помалку, бидејќи цените растат, а примањата опаѓаат.

Едно просечно домаќинство не може да ги покрие основните трошоци за храна, сметки, превоз и лекови.

Ваквиот пад на стандардот е директна последица на неспособната на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и промашените економски политики.

Ова е влада која воопшто не се грижи за граѓаните и мисли само на својот луксуз.

Додека граѓаните едвај врзвуваат крај со крај владата на Мицкоски троши 180 илјади евра за бадеми и лешници, за папаја и манго, за луксузирање на функционерите врз грбот на народот.

СДСМ ќе продолжи да се бори за граѓаните, да предлага мерки и закони за раст на платите, за намалување на трошоците за живот и повисок животен стандард.

Можете да прочитате

Мицкоски: Од први октомври почнува исплатата на линеарното зголемување на пензиите

Историски чекор за македонските сметководители: ИСОС примена во CFE Tax Advisers Europe

Советот на НБРМ го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2024