Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Трајко Славески да закаже вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух

Славески: Со неверување ја добив веста за бркање на првиот синдикалец во „Водовод“ од Арсовска

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски што поскоро да закаже вонредна седница на Советот, посветена на загадениот воздух, бара СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според оваа партија, состојбата со аерозададувањето во Скопје е алармантна и бара преземање итни мерки.

Појаснуваат дека советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот и предложи мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух.

„СДСМ како одговорна партија бара итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз, воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје, зголемување на средствата за борба против загадувањето од градскиот Буџет, финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје, миење на улиците и јавните површини со цистерни, како и безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност. Оваа инцијатива, со советнички потписи е поддржана и од советниците од политичките партии ЛДП и ДОМ“, се наведува во соопштението.

СДСМ ги повикува сите советници, посебно советниците од ВМРО-ДПМНЕ како најбројна советничка група, да дадат поддршка на иницијативата во интерес на сите скопјани.

„Непреземањето ништо од страна на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е на штета на граѓаните. За една година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска не презеде ништо за справување со аерозагадувањето, напротив со неодговорното постапување директно придонесе за зголемување на загадувањето. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали парите за животна средна за дури 44% и предизвика хаос и нефункционалност на јавниот превоз, што дополнително го поттикнува загадувањето“, додаваат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, велат од таму, наместо да тера инает да се приклучи на оваа иницијатива.

Според партијата на власт, станува збор за најскапото нешто за граѓаните – нивното здравје.

Можете да прочитате

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати