Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Image 2025 07 20 131410748.png

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон.


Со предлог законските измени кои Тошковски ги предлага во Законот за полиција, тој готви партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ под негова контрола.

Наместо модерна, професионална, европска полиција – Тошковски го претвора Министерството за внатрешни работи во пара-полициски апарат на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е реформа, ова е отворање на вратите за криминалци, послушници и партиски војници.
Ова е рецепт за полициска држава!

Законот за измени на Законот за полиција што го предлага Тошковски е опасен за целиот безбедносен систем, антиевропски и длабоко корумпиран обид за партизација на полицијата, елиминација на кариерниот систем и уривање на безбедносниот поредок.

Шест клучни точки во предлогот на Тошковски кои се скандалозни:

1.Се симнуваат критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во МВР.

Тошковски отвора простор партиските послушници без ден искуство да командуваат со полициски сили. Без стручност, без кредибилитет – само со партиска книшка.

За директор на полиција се намалуваат критериумите толку многу, со тоа што може да биде и од редовите на советодавни позиции. Во суштина лице кое било само советник и никогаш не раководело ниту со 5 луѓе по логиката на Тошковски треба да раководи полиција и да се грижи за безбедноста на државата?

2.Се бришат условите за минимум 6 години искуство и 4 години на раководни позиции. Дури и шеф на СВР ќе може да биде било кој  по избор само на Тошковски. Луѓе со децениска кариера ќе бидат понижени од политички вработени без знаење и без искуство.

3.Се укинуваат регионалните центри за гранична контрола. Во време на геополитички ризици, Тошковски удира по границите. Дали ова е подготовка за нелегални шеми со мигранти во нашата земја?

4.Се овозможува бришење на полициски податоци. Нема траги, нема евиденција, нема докази – само заштита на криминалот под капа на ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски.

5.Се подига старосната граница на 30 години со што Тошковски ги елиминира младите, образовани луѓе само за да вработуваат партиски луѓе.

6.Најскаданлозно е бришењето на член 19 од Законот.  Тошковски си дава овластување да држи во полиција осудени лица и прекриштели на внатрешни процедури и правила. Ова е одредба за организиран криминал во униформа!

Панче Тошковски сака моќ, а не ред. Сака контрола, а не владеење на законот.

Наместо полиција што штити граѓани, Тошковски прави партиска милиција што штити криминалци.

Мијалков и Груевски беа мали деца за овие намери на Тошковски.

СДСМ остро се спротивставува на овој правен терор врз институциите и врз граѓаните.

Бараме:

-Итно повлекување на законот,
-Прекин на узурпацијата на МВР,
-И отворање јавна дебата за департизација на полицијата.

Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, не оружје во рацете на партиската мафија.

Ова не е политичка борба – ова е борба за безбедност, за државата и за правото!

Македонија не смее да си дозволи нова верзија на режимот на Груевски, со Тошковски во улога на негов партиски клон.

Можете да прочитате

СДСМ: Ало ДПМНЕ, 2015 година беше пред десет години, излитена ви е пропагандата за странски служби

СДСМ: Ало ДПМНЕ, 2015 година беше пред десет години, излитена ви е пропагандата за странски служби

Левица: Не разговараме за коалиција ниту со СДСМ ниту со ДУИ