Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Сватовите на Гаши со приватни возила биле пропуштени на граница без контрола

Bogradnka Pres Image 2024 08 20.jpeg

Интегрален текст од прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Денеска ќе го разоткриеме скандалот со самоволието на коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши, но и јасно ќе ја обзнаниме улогата на МВР во целиот скандал.

Она што досега го знае јавноста, е дека партнерот на Мицкоски, Африм Гаши приватно со цела свита обезбедување бил на свадба во Косово со службено возило. Но ова е само мал дел од скандалот за кој денеска ќе ги изнесеме сите информации.

Она што се крие од јавноста е уште поголем проблем за кој дебело треба да одговара Тошковски. Станува збор за тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце и пропуштање на приватни возила и лица без контрола кои патувале во поворка заедно со Гаши и сватовите. 

Според информациите кои од свиркачи се доставени до СДСМ, границата со Косово била отворена за службените возила на Гаши, но и за други приватни возила кои исто така биле дел од поворката по невестата.

Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување и приватните возила биле пропуштени без конотрла. 

Според информациите кои ги добивме, поворката пред да ја помине границата била паркирана на една бензинска станица во близина на границата. Потоа, сите возила заедно, вклучително и приватните возила, поминале на лентата за камиони, односно товарен траспорт без да бидат застанити. 

Да биде скандалот уште поголем, во возилата каде се што се возело обезбедувањето на Гаши, имало и дел од сватовите односно приватни лица што е законски недозволено.

Ова значи, дека границата со Блаце била целосно приватизирана за потребите на Гаши и тоа со амин на МВР и одговорните службеници. Со ова е нарушена безбедноста на државата и проверката на патници која е задолжителна со закон. 

Ова е почитувани граѓани, целосен башибозук и газење на законите, институциите и достоинството на државата. Државната граница се третира како партиска своина на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ. 

Срам за една држава.

Прашуваме, кој ја дал наредбата за ова? Дали лично Гаши или Тошковски? Кој од МВР бил одговорен да го организира ова своеволие? Бидејќи, јасно е дека без команда да се пропуштат возилата ова не можело да се случи. Дали контролата на границата кон Косово е целосно препуштена на партиските структури на ВЛЕН? 

Кој гарантира што се поминало низ границата во приватните возила?

СДСМ бара сериозна истрага од Јавното обвинителство и одговорност од сите инволвирани за овој скандал. Бараме Тошковски да си поднесе оставка или да биде разрешен во најкратка постапка.

Бараме внатрешна контрола да утврди одговорност на сите кои ги пречекориле овластувањата во МВР, а Јавното обвинителство да понесе соодветни кривични пријави.

Почитувани, сега стана јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ вчера преку соопштенија го бранеше Гаши за овој скандал. Тоа е затоа што истиот не можел да се случи без поддршка од МВР и раководни структури во министерството. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски се фасцилитатори на ова каубојско однесување и треба да одговараат.

Можете да прочитате

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти