Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Суспендирани визи од САД – периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија

Jon frckovski sdsm.jpg

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија.

Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…

Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработката на визи.

СДСМ подолг период предупредува за штетата од погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ.

Најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови и директни врски со Москва.

Пред само неколку дена го видоме Стоилковиќ како слави заедно со ноќните волци блиски до Путин.

Паралелно со овие анти американски активности, Владата на Мицкоски води и анти-ЕУ кампања.

Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат затворени прашањa, се измислуваат изговори, за да се оправда изолацијата и блокирание преговори.

Не се спроведуваат никакви реформи, владата води анти-ЕУ и анти-американска политика, ја води Македонија кон целосна изолација.

Паника е голема.

САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата и ова се само први чекори што ги гледаме.

Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции.

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа агенда, бидејќи наши стратешки пријатели се САД а местото на Македонија е во НАТО и ЕУ.

Можете да прочитате

Средба Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски

Драма кај Куманово: Возач удрил полицаец, бегал и бил уапсен по испукани куршуми

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат, недовербата во институциите е иста