Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Страшно, не работи единствениот државен ПЕТ скенер – продолжува голготата на онколошките паценти

Simona Cvetanovski Sdsm.jpg

Прес конференција на СДСМ:

Почитувани, 


Со месеци трае хаосот во македонското здравство поради неспособноста на Таравари и и ДПМНЕ. Најпогодени се онколошките пациенти, чии животи се загрозени поради катастрофалниот менаџмент.

Катастрофални услови, неизвесност, чекање, недостаток на кадар, голготата која ги засега пациентите од целата држава продолжува.

Откако веќе со недели недостасува биолошката терапија на Клиниката за онкологија, сега еден месец не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер.

Поради ова, пациенти од целата земја, чии терапии директно зависат од оваа дијагностичка процедура, се оставени без неопходното скенирање.

Наместо соодветен третман во јавното здравство, тие се принудени да бараат алтернативни решенија во приватните болници, каде што цените се екстремно високи, или во здравствени установи во регионот, што дополнително го зголемува нивниот финансиски и психолошки товар.

Министерот Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност во управувањето со здравствениот систем, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните и пациентите.

За ова мора да има одговорност.

СДСМ бара одговорност од директорката Невена Маневска и од министерот за здравство, Арбен Таравари.

Министерството за здравство мора веднаш да ја стави во функција дијагностичката апаратура и да обезбеди континуирано снабдување со неопходните терапии.

Граѓаните не смеат да бидат жртви на неспособноста и негрижата на оваа власт!

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат