Утрински Весник
Скопје

СДСМ: Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

Maja s gp.jpg

Изјава за медиуми на  Маја Стојковска, советничка од СДСМ и коалицијата во Советот на општина Ѓорче Петров:

Преку пет и пол милиони евра од издавање на градежни дозволи за згради, а ниту едно евро за ветените Градинка, училиште и катна гаража за жителите на Александрија!


Почитувани, ова е визијата на Градоначалникот Стојковски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров.

Иако тврдеа дека ќе има и градинка и училиште и катна гаража, кога шверцерски на вонредна седница изгласаа ДУП СО преку 4.000 станови, Bуџетот за 2025 и предлог ребалансот предвидуваат само висококатници.

Затоа Советниците на СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА на седницата за ребаланс на буџетот ќе предложат измени на програмите и обезбедување на средства за изградба на училиштето, градинката и катната гаража, кои се исклучително важни за жителите на Александрија и Ѓорче.

Можете да прочитате

Арсовска доби Благодарница од скопските пожарникари

Во тек е третата фаза од градежните работи на главниот цевковод на бул „Александар Македонски“

(Фото) Змија забележена во близина на детско игралиште во Ѓорче Петров