Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога

Koleva sdsm.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Даниела Колева – претседателка на Форум на жени на СДСМ

Спие ли мирно Панче Тошковски?


Трагедијата со убиството на младата Росица во Велес ја потресе целата јавност, но и ја покажа целата неспособност и нефункционалност на институциите раководени од ДПМНЕ.

По бурните реакции во јавноста и барањето одговорност за институционалните пропусти, МВР соопшти дека 11 полициски службеници од СВР Велес добиле дисциплински пријави.

Не може вината да се сведува само на 11 полицајци. На толку многу пропусти, каде се началниците и командирите, каде се функционерите? Зошто тие се заштитени? Каде е нивната одговорност?

Сите што направиле пропусти во случајот на Росица, мора да одговараат, до највисокиот раководител и секако политичка одговорност од Тошковски.

Јавното обвинителство мора итно да отвори истрага за сите инволвирани. Мора да се истражи секој пропуст, секое непостапување, секоја одлука што придонела една жена да биде оставена сама на милост и немилост на насилник.

А има и уште едно прашање на кое јавноста мора да добие одговор: Дали навистина Росица лично му се обратила на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски?

Тошковски демантира а пријатели на Росица сведочат дека им ја покажала пораката која му ја испратила. Ако пораката навистина била испратена, тоа е дополнителен скандал од највисоки размери.

Затоа, бараме одговорност – не само од полицајците, туку и од нивните началници и командири, од целото раководство на СВР Велес, а особено од министерот за внатрешни работи.

Панче Тошковски мора да понесе оставка од морални причини.

Ова е прашање на човечност и почитување на човечки живот, на една жена.

Институциите не ја заштитија Росица. Нејзиниот крик за помош остана игнориран. Тоа е срам за државата и тежок товар на совеста на сите кои се дел од системот.

СДСМ ќе продолжи да бара вистинска, институционална и политичка одговорност, затоа што животот на секоја жена мора да биде заштитен, а институциите мора да функционираат за граѓаните, а не против нив.

Можете да прочитате

Апасиев: Битка до Стразбур доколку македонските судови не реагираат на политичката дискриминација

Андоновски: Сите документи ќе ви бидат во телефонот, тестот ќе го направиме на Самитот пред 800 присутни од 20 држави

Филипче: Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива