Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Со Ковачевски земјава стана лидер во енергетска трансформација

СДСМ: Со Ковачевски земјава стана лидер во енергетска трансформација

Енергетската транзиција на државата е во полн ек. Во изминатите 10 месеци, само за овој краток период од мандатот на Димитар Ковачевски инсталирани се 27 мегавати фотонапонски централи во земјава. Тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно за 11 години, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека се реализираше инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати, во „Осломеј“. Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“).

Од СДСМ велат дека во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани кои се веќе во постапка.Од нашето македонско сонце да ја создадеме Северна Македонија како иден зелен енергетски центар на Европа.

Со Ковачевски земјава стана лидер во енергетска трансформација, можеме да бидеме енергетски зелен центар на Европа,се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт