Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

542102061 1102191292017257 8770339076376109436 n.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Учебници

Повеќе од две недели по почетокот на учебната година мнозинство ученици и училишта сѐ уште се без учебници.

Денешните изјави на минисерката Јаневска дека недостатокот на учебници ќе го решавале со донации се признание за дебаклот и неспособноста на оваа власт.


На 11 јуни министерката Јаневска изјави дека сите учебници, вклучувајќи ги и оние за странски јазици од прво до деветто одделение, ќе бидат обезбедени до 1 септември.

Помина повеќе од половиа месец, учебници нема.

Со една работа само се пофалија и за таа излажаа.

Цената за неспособноста на власта ја плаќаат учениците и нивните родители.

Учениците не можат да учат, не можат добро да се подготват, се создава хаос со наставата, и сето тоа е дополнителен стрес за сите нив.

Јавноста очекува одговорност за пропустите и сериозен план кој ќе гарантира дека вакви срамни ситуации нема да се повторуваат.

Можете да прочитате

По трагичната несреќа во Швајцарија, Македонија подготвена да прифати повредени

Превртена цистерна три дена го блокираше патот Струга – Ќафасан

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија – Семејството бара помош