Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со Буџетот во 2023 година 274 милиони евра за модернизација на Армијата

СДСМ: Со Буџетот во 2023 година 274 милиони евра за модернизација на Армијата

За 2023 година предвиден е буџет за одбрана од 274 милиони евра кој ќе придонесе за развој и модернизирање на одбраната согласно стандардите на земја членка на НАТО соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Третина од буџетот, 88,7 милиони евра, се наменети за модернизација и опрема, за силна и опремена Армија, која може да се соочи со сите предизвици.

Предвидени се набавки на лесни оклопни возила JLTV и STRYKER, систем за противвоздушна одбрана за многу мали височини, набавка на информатичка опрема, опрема за сајбер одбрана и други средства, а главен фокус е опремувањето и подобрувањето на условите за работа на Лесната пешадиска баталјонска група, нашата НАТО единица. Во одбраната продолжува и реконструкцијата на објекти и инфраструктура на Армијата и тоа со 10 милиони евра повеќе од 2022 година, со акцент на повисоки еколошки стандарди“ велат од партијата.

Средства се предвидени и за подобрување на стандардот на припадниците на Армијата, повисоки плати согласно измените во Законот за служба во Армијата, за месечниот надоместок за станарина кој сериозно ги надополнува домашните буџети на припадниците на Армијата како и можноста за отпремнина на професионалните војници по навршување на 45-тата година старост во висина од 20-25 илјади евра, додават од СДСМ.

Исто така посочуваат дека буџетот за одбраната е инвестиција во државата, во граѓаните, во националната и колективна безбедност, која овозможува развој на Армијата, повисок стандард на припадниците на Армијата и безбедна држава.

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца