Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Sdsm 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Првиот предлог Буџет на владата на Мицкоски е најрасипнички во историјата на Македонија. Буџетот е тежок 6,5 милијарди, толку планира власта да потроши, но наместо за поголеми плати на работниците, повисок животен стандард на граѓаните, образование, здравство, раст и развој на економијата власта ги зголемува трошоците за службени возила и луксуз за 75%. Парите за купување мебел власта на Мицкоски ги зголеми за пет пати, велат од СДСМ.

„Со Буџетот Владата на Мицкоски предвидува зголемување и на непродуктивните трошоци за стоки и услуги а во истиот момент ги кратат капиталните расходи во клучни сектори како образование и здравство.

Власта не се грижи за граѓаните, стоките и услугите се поважни од здравјето на граѓаните, од образованието на младите. Расипничкото однесување се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој со новите долгови ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво на јавен долг од 70,8%.

Со вакви политики, Владата само ќе ја задолжува државата, ќе товари нови вработувања во администрацијата, ќе го зголемува долгот, ќе си троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо. За себе Владата на Мицкоски ќе троши за чоколадо, а за граѓаните сув леб“, тврдат од партијата.

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“