ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, со блокирање на евроинтеграциите и на носењето важни законски решенија за граѓаните во Собранието повторно се стави на погрешната страна на историјата, соопшти СДСМ.
„ Владата предводена од СДСМ ги започна преговорите за членство во ЕУ, за реализација на стратешкиот интерес за полноправно членство во ЕУ како Македонци, кои говорат македонски јазик, а ВМРО-ДПМНЕ прави опструкции и блокади на евроинтеграциите, на штета на државата и на граѓаните.
Истовремено над 50 закони со месеци се закочени во Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е неодговорно во време на криза. Голем дел од овие законски измени се за граѓаните, стопанството и енергетскиот сектор полесно да ја поминат кризата.
ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокираше законски решенија и за време на пандемијата со коронавирусот, блокираше и кога немаше криза.
Мицкоски лицемерно продава лажна загриженост за граѓаните, само декларативно се залага за членство во ЕУ, а истовремено блокира се што е во интерес на граѓаните и на државата. Мицкоски се стави на погрешната странa на историјата, но не може да ја закочи европската иднина“ додаваат од партијата.