Утрински Весник
Македонија

СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема кадровски потенцијал

Богданка Кузеска прес (1)

Интегрален текст од изјава за медиуми на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри.

Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје а дел се кадри од времето на Груевски.

Но, ниту еден нема зад себе некаков резултат. Напротив.

Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје а потоа и разрешен.

Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје.  Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.

Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место се вработила во УЈП и нејзината сестра.

Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник.

Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум за неговиот избор.

Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ и доказ дека во оваа партија ништо не се менува.

Трипуновски како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.

Почитувани граѓани,

Заклучокот е едноставен: ДПМНЕ нема никаква програмска понуда а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.

Бидејќи Мицкоски најави вчера дека работата на техничката Влада планира да биде хорор му порачуваме:

Неговиот обид за хорор ќе биде поразен а на 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ!

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме