Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Симовска веднаш да биде разрешена, за хаосот на Клиниката „Козле” мора да има одговорност

Cvetanoski1.jpg

Изјава за медиуми, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ

Хаосот и скандалите во здравството со оваа власта станаа секојдневие. Дури и здравјето на дечињата е под силен удар.


После 40 години е доведено во прашање функционирањето на единствениот оддел за бронхоскопија во државата, многу важна за здравјето на децата.

Само поради самоволие на директорката на Клиниката во Козле, Каролина Симовска која Таравари и ДПМНЕ упорно ја штитат.

Последен скандал на ова Клиника е со докторката Јосифова, искусен лекар со 27 години искуство. Симовска ја брка од работа на улица, замислете само затоа што сакала да спаси детски живот!

Срамота! Мобинг, лични напади и малтретирање на лекар, врвен специјалист, кој целиот свој живот го посветил на борба за подобро здравје на децата.  Тоа го доживуваат докторите денеска во здравството.

Пред овој скандал, врвни специјализирани доктори за бронхоскопија си поднесоа оставки поради нејзиното скандалозно однесување.

Згора на се, Клиниката „Козле” се соочува и со сериозни недостатоци на неопходни медицински апарати и материјали, вклучително и „баскет” апарати, кои се од клучно значење за детските пациенти.

Неспособноста и хировите на Симовска се на директна штета на најважното-здравјето на децата.

Цел лекарски колегиум на Клиниката Козле се крена и бара смена на Симовска само ДПМНЕ и Таравари упорно ја штитат.

ДПМНЕ и Таравари се соучесниви во хаосот на Клиниката Козле и се ставаат во заштита на мобингот, непрофесионалноста и нападите врз лекарите.

Дали власта на ДПМНЕ е свесна за штетата што ја прават? Што саката да нема кој да ги лечи децата?

Дали имаат грам осет или партијата им е поважна од животите на децата?

Наместо да ја штити Симовска, Таравари треба да застане во одбрана на децата и лекарите кои посветено се борат за нивното здравје.

За драматично лошите состојби на клиниката мора да има одговорност

Таравари и ДПМНЕ да престанат со партиската заштита да преземат итни мерки за заштита на децата, лекарите и здравствениот систем и Симовска веднаш да биде разрешена.

Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност!

Можете да прочитате

Васил Јованов завршил во самица откако му беше пронајден мобилниот телефон

СДСМ: Скандал во Шутка: Васил кој ја прегази Фросина добил мобилен телефон, Тошковски да одговори кој го шити?

Утре протестен марш „Кој е следен?“ за случајот со Фросина Кулакова