Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Силјановска да им се извини на пензионерите што ги спореди со Мапет шоу

1708269119 D181d0b4d181d0bc D0bfd0bed187d0b8d182 D0b7d0b0 D0bbd0b8d0bad0bed182 D0b8 D0b4d0b5d0bbd0bed182d0be D0bdd0b0 D0b4d0b5d0bbd187d0b5d0b2 63dec8d02a5a9.jpeg

Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, Силјановска ги навредува пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.

Ваков однос кон пензионерите е несоодветен, непримерен и омаловажувачки, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател.

Пензионерите не заслужуваат да бидат вака омаловажувани и Силјановска треба да им се извини.

СДСМ во изминатиот период континуирано ги покачуваше, заедно со пензионерите изгради методологија со која пензиите ќе продолжат да растат, без чија било политичка волја.

Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра.

Минималната пензија денес е за речиси 50% повисока од 2016 година.

СДСМ со новата програма предвидува се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старост на пензионерите. 

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности