
Соопштение за јавност на СДСМ:
Си кажа ВМРО за часовниците на Mицкоски вредни 150 минимлани плати: приватен бизнис на Мицкоски.
За сите во ВМРО, власта и државната работа е приватен бизнис. Така тие ја сфаќаат Македонија– како приватен бизнис, исто како и кога беше директор во ЕЛЕМ и советник на Груевски… сè се тоа приватни работи.
Така работи и сега како премиер.
Затоа семејната фирма на неговиот близок соработник добива 161 тендер, затоа 51 тендер добива омилената фирма од оопштините, затоа 9 милиони завршуваат кај фирма со двајца вработени…
Сè е приватно, ортачко работење на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
Дванаесет години треба македонскиот работник да работи за да заработи толку пари колку што чинат часовниците на Мицкоски. 150 минимални плати!
Доаѓањето на „економските работници” кои веќе ги гледаме значи дека поголеми плати нема да има.
Нема пари за поголеми плати за работниците, пари има само за тендери.


