Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Шпицниот градоначалник Мицкоски да каже за неговата улога во тендерот од 136 милиони евра

Шпицниот градоначалник Мицкоски цела недела молчи, никако да каже која е неговата улога во тендерот од 136 милиони евра, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Мицкоски со неговата градоаначалничка Арсовска се скара за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра. Надлежни институции веќе го истражуваат случајот, но зошто мочи Мицкоски?

Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата од скопјани. Заедно и преговараа и за набавка на 100 електрични автобуси во Скопје.

Дали и оваа зделка пропадна заради провизии, пари и бизнис влијанија на Мицкоски и луѓето околу Мицкоски? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фатени живи со рацете во мед и молкот нема да ги спаси“ додаваат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт