Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Секој ден се палат коли во Скопје, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

Sdsm.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален дел од соопштение за јавност на СДСМ

Дури 7 возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа.

Неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена.

Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.

Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства.

Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див запад.  Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника