Утрински Весник
Македонија

СДСМ се сомнева дека Левица го злоупотребила протестот на родителите од Кочани

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

СДСМ денеска преку партиско соопштение изрази длабока загриженост и сомнеж дека партијата Левица направила обид за политичка злоупотреба на болката на родителите и семејствата погодени од трагедијата во Кочани на вчерашниот протест пред македонското Собрание.

„СДСМ остро се спротивставува и го осудува секој обид за политичка злоупотреба. За време на средбата со родителите пратениците на СДСМ забележаа членови на подмладокот на политичката партија Левица, доколку се приклучиле со цел да извлечат политичка и партиска корист најостро ги осудуваме.“ стои во соопштението на СДСМ од седницата на Централниот одбор на партијата.


Како што најави опозициската партија, пратеничката група на СДСМ подготвува специјален закон за обезбедување конкретна и директна поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Законот ќе биде поднесен во Собранието во текот на следната недела. Тој е изготвен според меѓународни искуства и добри практики од земји кои се соочиле со слични несреќи.

Со законот се предвидува финансиска и институционална помош за семејствата на настраданите, како и дополнителна поддршка за оние кои имаат повредени блиски. Целта е да се помогне во надминување на последиците и трошоците што произлегуваат од трагичниот настан, но и да се зајакнат институционалните системи што се покажаа како недоволно подготвени.

Можете да прочитате

Кекеновски: Наместо да се чека оставка потребно е разрешување на претседателката на Антикорупциска

Општата болница во Кочани стави во функција хипербарна комора за рехабилитација на повредените од „Пулс“

СДСМ е со работниците за 1 мај и секој друг ден