Утрински Весник
Македонија

СДСМ: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери” со „Ноќните волци” на Путин

Simona sdsm cvetanovski.jpeg

Прес-конференција на СДСМ:

Вицепремиерот во владата на Мицкоски, Иван Стоилковиќ, учествувал на прослава во Република Српска заедно со „Ноќните волци” на Путин.

Сега Соединетите Американски Држави и Европа јасно гледаат со кого Мицкоски, Стоилковиќ и Максим се „стратешки партнери”: Ноќните волци на Путин.

Кои се другите „стратешки партнери” на Мицкоски и Стоилковиќ, освен бизнис-партнерите од СНС?

Тука е Никола Селаковиќ, српски министер за култура обвинет за скандалот со Генералштабот. Скандал поради кој зетот на Трамп се повлече од проект токму поради сомнежи за корупција и криминал.

Тука е и Алта банка, со сомнителен капитал кој бил одбиен од Европската Унија но ВМРО експресно ја реализираше во Македонија.

Што е заедничко за сето овие луѓе: сомнителен капитал, криминал и корупција.

Кога Максим од тендер коалицијата на Мицкоски зборува за мафијашки филм на ова очигледно мисли.

Прашањето е дали вака ВМРО го покажува своето „стратешко партнерство” со САД?

Дали и путиновите „Ноќни волци” се „билатерално наметнати”, како што Мицкоски се обидува да ги оправдува сопствените политики за изолација на земјата?

И дали утре, ако САД реагираат на тоа што неговиот вицепремиер слави со „Ноќните волци” на Путин и со луѓе обвинети за криминал и корупција, повторно ќе слушнеме дека станува збор за нешто „наметнато”?

Она што го говори СДСМ секојдневно се потврдува.

Паниката кај власта е толку голема откако САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата.

Одговорност ќе има.

Сите ќе одговарате.

Можете да прочитате

(Видео) Тешка сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт

Пушењето како алиби за нефункционалната држава