Утрински Весник
Македонија

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија

Sad vizi 2.jpeg

Соопштение на СДСМ:

САД од 21 јануари ја прекинуваат обработката на визи од 75 земји.

Водечките американски и светски медиуми, од пред еден час објавија дека и Македонија е вклучена во групата со Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Русија…за кои е суспендирана обработката на визи.

Американската влада од 21 јануари ќе ја прекине обработката на визи од 75 земји, меѓу кои се Русија, Бразил, Иран, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Нигерија, Црна Гора, Албанија и Тајланд, објави денес Телевизија Фокс, повикувајќи се на документи на Стејт департментот.
( https://www.foxnews.com/politics/us-freezes-all-visa-processing-75-countries-including-somalia-russia-iran )

Американскиот претседател Доналд Трамп во ноември изјави дека ќе воведе „трајна пауза” за доаѓањата од „земјите од Третиот свет”, наведува Ројтерс.

Се тврди дека на амбасадите на САД им е наложено да престанат да примаат барања за издавање визи, сè додека не се преиспита постојната процедура.

Периметарот?

Можете да прочитате

Во четврток ни следува краткотрајна промена на времето

Битиќи: Нема да има недостиг на енергенси, но ценовниот удар е неизбежен

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени