Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Резултати што прават разлика, СДСМ изгради 270 километри гасовод – ВМРО-ДПМНЕ само 35 километри

СДСМ: Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е дефиниција за нелегален имот, се што имаат да го достават до ДКСК

Фактите и податоците покажуваат дека СДСМ има резултати, коишто вистински и реално прават разлика, истакнуваат од владејачката партија.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и во однос на испорачаните резултати и во однос на глобалните текови, СДСМ, додаваат од таму, покажа и докажа што значи одговорно и успешно работење.

„СДСМ забрзано работи на целосна гасификација на државата и изгради 270 километри гасовод во изминатите години.

За време на ВМРО ДПМНЕ, беа изградени едвај 35 километри.

Очигледна е разликата меѓу резултатите и одговорното владеење на СДСМ и катастрофата и хаосот што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години“, потенцираат од партијата на власт.

Можете да прочитате

Вооружен грабеж на обложувалница во струшко село

Жена пешак удрена од автомобил во скопско Влае

Лажна СМС порака од Пошта остави гостиварец без 1500 евра