
Соопштение за јавност на СДСМ:
Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати.
Ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да постават партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега на граѓаните им е кристално јасно зошто беа измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи кои ги спроведе Панче Тошковски, за целосна партизација на полицијата, политички прогон и злоупотреба во партиски цели на ВМОР-ДПМНЕ.
Полицијата станува продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, а жртви се граѓаните . Денеска е директорка на средно училиште утре некој друг.
СДСМ бара веднаш да престане бруталниот притисок и незаконското разрешување на директорката Маја Лозановска. Законите мора да се почитуваат без разлика за кого станува збор.
Бараме одговорност од сите кои ја извршуваат оваа незаконска постапка и кои дозволија ставање на полицијата во служба на политички прогон.