
Соопштение на СДСМ:
Најавите за протести во Скопје за Хаг и ОВК доаѓаат како појас за спасување на власта и пренасочување на вниманието од главната тема: договорот за мигранти во Македонија.
Тоа е истиот рецепт и стратегија на Белградската школа што ја следи ДПМНЕ и во моментот се случува во Србија. Вучиќ зборува за големи војни, исто како Груевски и Сиљановска, затоа што овој месец е најавен голем протест на студентите.
Иста екипа истите шеми.
Тоа го гледаме сега и кај нас, особено откако избија корупциските скандали и откако се дозна дека власта разговара за Британија за носење мигранти во Македонија.
Британските медиуми ја објавија вистината и сите знаат веќе што ветувала Владата на Мицкоски.
Големите протести во Британија траат речиси цела година а на последниот голем протест имаше над 150.000 луѓе.
Кај нас состојбите допрва ќе се влошуваат. Владата нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра. Сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
Оваа власт е подготвена на се само да ја покрие вистината тема.
Нема поголем приоритет сега од тоа да се спаси Македонија и нејзината иднина, народот вели НЕ за мигранти и НЕ за загрозување на безбедноста на државата само за да се задржат на власт.
Нема да ви помине, народот гледа и знае се, нема да падне на вашите провокации.
Работата не е завршена.


